Во Струмица започнува ТРЕТАТА АКАДЕМИЈА за здравство иницирана од предавачи, професори на Медицинскиот факултет во Скопје и специјалисти со долгогодишно искуство во Болницата во Струмица, информираат од Комисијата за здравство на ВМРО – ДПМНЕ.
-Искуството и огромниот придонес во јавното здравство на денешните предавачи и иницијатори на оваа ТРЕТА АКАДЕМИЈА на која присуствуваат здравствени работници од Струмица и регионот и пациентски здруженија ги препозна Централната комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ која ја поддржа оваа иницијатива.
Модератор е проф. д-р Борче Георгиевски, доајен и истакнат супспецијалист хематолог, а денес ставаме акцент на областите патологија,онкологија,радиологија ендокринологија, гинекологија и медицинска етика.
Наша заедничка цел е зајакнување на јавното здравство кое во моментов се соочува со низа сериозни предизвици кои ги чувствува секога категорија пациенти.