недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во тек е спасувачка акција: Двајца планинари од Скопје повредени на Шар Планина, екипите на терен

Во тек е спасувачка акција: Двајца планинари од Скопје повредени на Шар Планина, екипите на терен

Денеска, 30.01.2022 година, околу 15:00 часот, Екипа за брз одговор за спасување од планина од Подрачното одделение за заштита и спасување Тетово со претставници од Дирекцијата за заштита и спасување откако било пријавено дека двајца планинари од Скопје се повредени некаде над с.Вешала, Кобилица на Шар Планина во близина на границата со Косово.

По комуникацијата со лицата, екипите се упатиле кон локацијата за да ги пронајдат и спасат.

– Акцијата за спасување се спроведува внимателно и за секоја информација ќе ја информираме јавноста, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Најнови вести