сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во време на коронавирусот државата се богатела на грбот на граѓаните

Во време на коронавирусот државата се богатела на грбот на граѓаните

За три месеци откако државата ја зголеми акцизата на горивата, во државниот буџет се слеале неверојатни 15 милиони евра пари на граѓаните.

Додека другите држави носеа мерки како да им го олеснат животот на граѓаните во време на пандемијата, Македонската влада го полнела буџетот.

Имено министерката Нина Ангеловска неодамна потврди дека само за еден месец успеале да соберат 5 милиони евра со покачувањето на акцизата на горивата за три денари, за три месеци тоа се неверојатни 15 милиони евра пари кои граѓаните не потребно ги дадоа за да ги наполнат своите резервоари со гориво.

Опозицијата тогаш излезе со сериозни обвинувања дека покачувањето на акцизата на горивата е погубна политика за која скапо ќе го чини обичниот граѓанин, за потоа истото да се потврди.

Најнови вести