Во текот на утрешниот ден се очекува состанок на работните групи за новиот Закон за јавно обвинителство, а во вторник пак се очекува средба на работните групи и лидерите на политичките партии.
Средбата во вторник, најверојатно ќе се одржи во Собранието.
Се забележува помрднување на разговорите во насока на изнаоѓање на заедничко решение кое треба да гарантира правда и независно делување на обвинителството.
-Проблемот Јанева елиминиран, разговорите помеѓу работните групи се движат во позитивна насока.
Во вторник на работните групи би требало да им се придружат и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Собрание. Власта и опозицијата блиску до конечен договор за ОЈО, пишува новинарот Фуркан Салиу.