вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВО ЖИВО: Јавна трибина на тема „Македонија: Името е Татковина, а Јазикот душа на Македонците’’

ВО ЖИВО: Јавна трибина на тема „Македонија: Името е Татковина, а Јазикот душа на Македонците’’

Институтот „Сиа Виста“ во вторник, денес во 12 часот ќе одржи јавна трибина „Македонија: Името е Татковина, а Јазикот душа на Македонците’’.

Трибината ќе се одржи во хотелот Бест Вестерн.

Според најавата, воведни излагања на темата ќе поднесат: Ефтим Клетников, Ристо Никовски, Михајло Миноски, Цветин Чилиманов, Јованка Кепеска, Наташа Котлар, Благој Јанаков, Константин Миноски, Милојка Калкашлиева, Дардан Венетски, Виолета Ачковска, Ламбе Арнаудов и Оливер Андонов.

-Уводничарите ќе изнесат свои погледи и ставови за Договорот за добрососедство со Република Бугарија, Законот за јазици, Спогодбата со Република Грција за промена на името Македонија, Референдумот од 30. Септември 2018 година и Уставните амандмани за промена на Уставот на Република Македонија. На јавната трибина ќе биде емитувана видео порака до Македонците и Македонија од Џејсон Мико, геополитички аналитичар и колумнист. Ќе се прочита и пораката на Бил Николов, Претседател на Македонско меѓународно движење за човекови права, се наведува во соопштението.

Најнови вести