Угостителите и индустријата за организирање на свадби и денеска излегуваат на протест во Автокоманда од 15 до 17 часот.
Според нивните најави, веќе во среда ќе протестираат пред Владата. Велат дека откако јавно ги изнесоа своте барања на протестот во петок, никој од Владата и Министерството за економија не ги исконтактирал. Ќе протестираат се додека не добијат дозвола за работа под истите протоколи што важат и за останатите угостителски објекти.
Маката на угостителите ја делат и другите поврзани дејности. Ако нема свадби и други веселби нема работа и за нив.
Од Владата со истиот став. Протоколите ги носи Комисијата за заразни болести и нема што да додадат.