сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Водителката Миа распали по сите кои ја критикуваа Тамара поради химната: „Да ви се напљукам у тој лажен национализам“

Водителката Миа распали по сите кои ја критикуваа Тамара поради химната: „Да ви се напљукам у тој лажен национализам“

Водителката Миа Костова преку статус на Фејсбук испрати остри пораки за сите кои ја критикуваа Тамара Тодевска бидејќи таа не го испеа значајниот дел од македонската химна.

„Си викам не пишувај, цел ден ќе се заебаваш со коментари. Ама јазиков увек ми е побрз од паметот. Па добро бе мајку му, може ли да ви се напљукам у тој лажен национализам на пола и поише од вас што искубавте коси за химната и ја стаивте на линч Tamara Brana Velkova за која пред месец дена пуневте гаќи од среќа. Истите вие што по статуси јазикот не си го знаете и пишувате на латиница а правописно сте дудуци како да немате три грама школо? Па што не ја сакате Македонија по ситеточки? Седнала Тамара со тимот масони пет дена се договарале како ќе ви рипне строфа. Па најмалце 30 видеа ќе ви најдам кај што светски ѕвезди не знаат што пеат од свои песни на големи настани. Ама вас к.. ве боли за сцена, за трема, за настап, вие грицкајте сончоглед и вртете по турите за Лептокарија за 37 евра 19 дена и искључујте ја климата од време на време да не троши, у меѓувреме закачете се на фб и напикајте и што е можно поише гениталии на Тамара у уста, пошо она е дел од светски заговор. Драмулетки едни невидени. Само да има на кој да му се закачите и да му цицате крв, на чоек да му се снеможи од социјални мрежи“-напиша Костова.

Најнови вести