среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Водостоите на реките под априлскиот просек

Водостоите на реките под априлскиот просек

Под просекот за април се водостоите на скоро сите реки во државата. Речиси двојно е намалено нивото на Крива Река и на Сатеска.

Денешните хидролошки мерења покажуваат намалување на водостојот на Вардар на сите мерни станици, а наблиску до априлскиот просек е нивото на Вардар кај Демир Капија. За 21 сантиметар е пониско и нивото на Црн Дрим во однос на априлскиот просек.

Околу „О“  котата се движат нивоата на трите природни езера во државата.

Најнови вести