среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Водостоите на реките пониски од просечните

Водостоите на реките пониски од просечните

Водостоите на реките во земјава се пониски од просекот за мај и воглавно имаат благо отстапување во позитива или негатива во однос на вчера, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Исклучок е реката Бабуна на мерното место кај Богомила каде нивото е речиси двојно повисоко од повеќегодишниот просек за овој месец.

Водостојот на природните езера во земјава е ист како вчера со тоа што кај Дојранското и Охридското Езеро е повисок од просечниот и тоа за 2,93 метри кај Дојрансото, односно за еден сантиметар кај Охридското, додека кај Преспанското Езеро е за 96 сантиметри понизок од просекот за мај. (МИА)

Најнови вести