Водостоите на реките се над априлскиот просек со исклучок на Крива Река, Брегалница кај Берово и Црна Река кај Новаци.
Најновите хидролошки мерења покажуваат дека најмногу е зголемено нивото на Црн Дрим односно за 115 сантиметри во однос на просекот за април.
Зголемување на нивото има и кај трите природни езера во државата. Најмногу е зголемено нивото на Дојранското Езеро во споредба со просекот за април.