вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Водостоите на сите реки под просек

Водостоите на сите реки под просек

Водостоите на сите реки во земјава се пониски од просекот за овој период од годината и кај најголем дел од нив се бележи дополнително намалување на нивото во споредба со вчера.

Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), само водостојот на реката Струмица, на мерното место кај Сушево, е ист со просечниот за март, но сепак бележи намалување за еден сантиметар во споредба со вчера.

Пониски од просечните се и водостоите на Охридското и Преспанското Езеро и тоа за седум сантиметри кај Охридското, односно за 1,68 метри кај Преспанското Езеро, со што е само пет сантиметри над апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). Повисоко ниво од повеќегодишниот просек за март има само Дојранското Езеро каде водостојот е за 2,84 метри повисок од просечниот. (МИА)

Најнови вести