понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Воена делегација од американската сојузна држава Вермонт во посета на Македонија

Воена делегација од американската сојузна држава Вермонт во посета на Македонија

Висока воена делегација на националната гарда (НГ) на американската сојузна држава Вермонт, предводена од Командантот на гардата, генерал-мајор Стивен Креј од денеска до 21 септември ќе престојува во посета на Република Македонија.

Како што соопштија од прес-канцеларијата на ГШ на АРМ, делегацијата од НГ на Вермонт за време на неколкудневниот престој ќе оствари средби со својот домаќин, началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, ќе изврши обиколка на дел од единиците на АРМ, а ќе присуствува и на завршната церемонија на безбедносниот форум во Охрид. Делегацијата на гардата на Вермонт ќе го посети и Министерството за внатрешни работи и Центарот за управување со кризи.

Согласно агендата и протоколот утре ќе се одржи пречекот на делгацијата од страна на НГШ на АРМ генерал-мајор Ѓурчиновски пред влезот во МО и ГШ на АРМ, по што ќе следува приемот на генерал-мајор Стивен Креј кај генерал-мајор Ѓурчиновски и билатерални разговори.

Националната гарда на Вермонт е партнер на АРМ со кој досегашната воена соработка навлегува во својата 25-та година. Преку воената контакт програма се реализирани голем број различни форми на обука и заеднички вежби кои помогнаа во голема мерка АРМ рамноправно со своите партнери да ги достигне стандардите на НАТО, наведуваат од прес-канцеларијата на ГШ на АРМ.

Најнови вести