сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вонбрачната партнерка на Курто Дудуш како претседател на Советот на Општина Шутка си ја вработила мајка си иако таа не се појавува на работа

Вонбрачната партнерка на Курто Дудуш како претседател на Советот на Општина Шутка си ја вработила мајка си иако таа не се појавува на работа

Фатима Османовска претседател на Советот на општина Шуто Оризари која истовремено е вонбрачен партнер на Курто Дудуш откако станала претседател на Советот ја вработила својата мајка Наргизе Османова во основното општинско училиште „Браќа Рамиз Хамид“.

Таа таму била вработена со договор на дело иако во моментов е редовен однос во ГТЦ Скопје.

Директор на училиштето во кое е вработена мајката чиј зет е Дудуш е Алвин Салимовски поставен директно од Курто Дудуш.

Мајката на Фатима во период од 24-25 месеци се стекнала со 300 илјади денари пари со кои е оштетен буџетот на општината Шуто Оризари.

Нејзиниот месечен надоместок е 12.312 денари и работи како хигиеничарка додека нема работено ниту еден ден во истото училиште.

Најнови вести