сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вонредната состојба контра семејниот бизнис на Дескоска и партиските решенија на СДСМ: Се одложува полагањето на правосудниот испит

Вонредната состојба контра семејниот бизнис на Дескоска и партиските решенија на СДСМ: Се одложува полагањето на правосудниот испит

Со оглед на прогласувањето на вонредна состојба во нашата држава се јави потреба од донесување на оваа уредба со која се уредува одложувањето на полагање на испитот за вештаци, правосудниот испит, испитот за медијатори и испитот за нотари за време на траењето на вонредната состојба.

За времено одлагање на овие испити, Владата ги донесе Уредбата со законска сила за примена на Законот за вештачење, Уредба со законска сила за примена на Законот за правосудниот испит, Уредбата со законска сила за примена на Законот за медијација, и Уредбата со законска сила за примена на Законот за нотаријатот.

Ова владина мерка се задира во т.н. семеен бизнис на министеката за правда Рената Дескоска на која, како што обвини опозицијата,  малку и беше сама себе да се кандидира за член на Венецијанската комисија, па истата таа воведе критериуми за сите оние кои полагаат правосуден испит да ги поседуваат книгите на нејзиниот сопруг Тони Дескоски.

Скандалот да биде поголем Дескоска тогаш, како што обвини ВМРО-ДПМНЕ, целосно ја партизира и Комисијата за правосуден испит. Во самата комисија има низа на конфликти на интереси.

Именувањето на сестрата на пратеничката од СДСМ Снежана Калевска Ванчева, Антоанела Димовска, именувањето на Тања Милева, сопруга на поранешниот кандидат за градоначалник на СДСМ од Радовиш и поранешен член на ДИК Игор Милев, именувањето на пријателот на Заев претседателот на Апелацискиот суд во Штип Наќе Георгиев, именување на струмички судија чија сопруга е јавен обвинител во Струмица, именувањето на поранешниот претседател на ДИК Александар Чичаковски, адвокатот Валентин Пепељуговски, чие адвокатско друштво се чини дека е повластено од СДСМ, па наплатило околу 17.000.000 денари од владата, судијката Исмета Амет, според пишувањата во која што учествуваше во донесување на спорната одлука за прегласување во Теарце во 2016 година, се само дел од контроверзните именувања во комисијата за полагање на правосуден испит.Единствен критериум по кој се избрани членовите на комисијата е послушноста кон Заев, обвини тогаш опозицијата, посочувајќи дека на ваков начин Заев и Дескоска го уриваат до темел правосудниот систем во Република Македонија.

Дали коронавирусот и мерките на владата, и покрај нечие негодување, го одложија семејниот бизнис и профитот на партијците на СДСМ?!

Најнови вести