понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Војводи Тетовo по најавите за кривична за скандирањето против Шеќеринска: Не постои срп со кој може да се исече пирејот кој расте во нашите срца !

Војводи Тетовo по најавите за кривична за скандирањето против Шеќеринска: Не постои срп со кој може да се исече пирејот кој расте во нашите срца !

Ги демантираме сите клевети и невистини кажани од страна на одредени политички субјекти и медиуми, дека на 04.05.2020 год. на скопското Кале сме биле испратени под директива на некоја политичка партија.

Ние како и секоја година така и оваа во овие тешки услови се организиравме за да оддадеме почит на нашиот великан Гоце Делчев, а исто така како и до сега ќе продолжиме и во иднина. Нас не може ниту една партија, ниту пак личност да не испрати на некое место за политички цели.

Нас не испраќаат и ги следиме само идеалите кои живеат во нас, нас не испраќа срцето, патриотизмот, вербата и љубовта кон Македонија и нашиот народ и почитта кон сите наши борци кои со крв ја платија нашата сегашна слобода.

Во ниту едно законодавство во светот, не постои член со кој се забранува и казнува љубовта и почитта кон татковината.

Па затоа и би се запрашале за што поточно се бара прогон и казнување на нас ?

За пеење песни стари со векови или за оддавање почит на ликот и делото на големиот Гоце Делчев ?

Навистина сме згрозени од овој “демократски” начин на владеење на правото, но нашата порака е јасна.

Не се плашиме !

Нема да успеете и да дозволиме да ја згаснете нашата љубов кон татковината, народот, историјата !

Не постои срп со кој може да се исече пирејот кој расте во нашите срца !

СО ВЕРБА ВО БОГ ВОЈВОДИ ДО ГРОБ !!

Фејсбук статус на навивачката група Војводи.

Најнови вести