понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВОЗ СО 150 ПАТНИЦИ ИЗЛЕТА КАЈ КАДИНА РЕКА – еве ги деталите!

ВОЗ СО 150 ПАТНИЦИ ИЗЛЕТА КАЈ КАДИНА РЕКА – еве ги деталите!

Патнички воз излетал од шините во близина на железничката станица Кадина Река. Несреќата се случила утрово околу 7 часот, но за среќа, нема повредени патници, дознава Плусинфо од извори од Македонски Железници-Транспорт.

Како што дознава сајтот станува збор за патничкиот воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, а во моментот на несреќата во вагоните се возеле околу 150 патници.

– Машина и вагон испаднале од шините кај железничката станица Кадина Река, од левата страна на реката Вардар. Се работи за патничкиот воз кој утрово тргнал од Гевгелија кон Скопје. Нема повредени лица – ни изјавија од Македонски Железници-Транспорт.

КУРИР инаку стапи во контакт и со Министерството за внатрешни работи, од каде чекаме подетални информации во најкус можен рок.

Најнови вести