Сообраќајот на патиштата се одвива тековно по суви коловози на пониските и наместа влажни коловози на повисоките места. Намалена видливост до 50 метри поради магла има во Охрид, како и во Струга, каде видливоста е до 100 метри.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.