Сообраќајот во земјата се одвива по суви коловози, а на повисоките и осојничави места се бележат наместа влажни коловози.
Намалена видливост од 50 до 100 метри поради магла има околу Струга, Струмица, Неготино и Демир Капија. Слаб дожд има во Дебар.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.