Намалена видливост од 50 до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, информираат од ЈП Македонија пат.
Слаб снег провејува во Охрид,Струга, Ресен и на планинските превои Буково и Ѓавато.
Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража се се уште на сила.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурни служби на ЈП Македонија пат.