среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Возете внимателно: Одрони на патот и влажни коловози

Возете внимателно: Одрони на патот и влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

На патниот правец А2 Свети Николе -Миладиновци на 10 км. пред Миладиновци поради свлечиште и голем одрон собраќајот се одвива само по една коловозна лента во должина од 150 м.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Најнови вести