недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Возете внимателно: Поради магла намалена видливоста кај превојот Стража

Возете внимателно: Поради магла намалена видливоста кај превојот Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Стража, информира вечерва Диспечерскиот центар при ЈП „Македонијапат“.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Најнови вести