Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, информираат попладнево од Авто мото сојузот на Македонија.
Од 11:30 часот на регионалниот пат од село Бигла до село Трсино, поради изведување градежни работи сообраќајот е во прекин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
МИА