Вознемирувачко видео е објавено на социјалните мрежи.
Пациентката Рабие Ибрахимова, со придружба на нејзиниот син Синавер Ибрахимов и сопруг Беадин Ибрахимов отишле во Итна медицинска помош со проширена дејност Кочани.
Таа имала влошена здраствена состојба, но според сведоци, не сакале да ја примат во болницата.
Седната на подот во ходникот, жената буквално моли за помош.
Во објавата на Фејсбук, можете да го погледнете видеото и да ја прочитате целата објава за немилиот настан.