среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вработени од Психијатриската болница од Демир Хисар оставени без плата, власта и Филипче молчат

Вработени од Психијатриската болница од Демир Хисар оставени без плата, власта и Филипче молчат

Неажурноста на владата на СДСМ продолжува и понатаму. Вчера се појави  информација каде власта и министерот за здравство, Венко Филипче веќе неколку месеци оставиле 37 вработени во Психијатриската болница во Демир Хисар без плата. Поради сето тоа од вчера вработените од болницата најавија штрајк.

Станува збор за болничари, хигиеничари и возачи на кои не им се продолжени договорите за работа и два месеци се оставени без плата. Имено тие велат дека во период на пандемија се соочуваат со сите ризици, ги извршуваат најтешките работни задачи и работат со лица позитивни на КОВИД-19, а се оставени без плата и без решен работен статус.

-Работиме во ковид пандемија, во такви услови, без ништо, без решен статус. Ние бараме да ни се реши статусот на неопределено работно време, ни никако не ни го решаваат. Скоро два месеци немаме земено плата, изјави хигиеничар во психијатриска болница Демир Хисар.

Персоналот од болницата најави дека нема да се вратат на работат  додека не им се реши овој проблем кој веќе неколку години се соочуваат.

Сето ова уште докажа дека власта не само што не е способна да се справи со целата пандемија и без никаков срам ги остава без надоместок лицата кои се во првата борбена линија со вирусот.

Најнови вести