Oткако премиерот Зоран Заев изјави дека ќе покрене постапка за разрешување на директорот на ДПИ, Стојко Пауновски, ситуацијата во Државниот пазарен инспекторат се „вжешти“.
Сите вработени па и инспекторите се изненадени од изјавата на премиерот, и поради тоа тие бараат итна средба со Заев за да се преиспита ваквата најава за смена на Пауновски.
Како што велат информациите за Фактор, дел од вработените во ДПИ од регионалните одделенија на Инспекторатот, веќе се тргнати кон Скопје, со цел да го искажат својот револт и несогласување со ваквата најава.
Информациите на Фактор исто така велат дека инспекторите почнале веќе да потпишуваат петиција за преиспитување на изјавата за резрешување на директорот на ДПИ, Стојко Пауновски.
– Ваков директор како Пауновски, чесен, одговорен и професионален, сме немале во изминатите 30 години, велат за Фактор дел од инспекторите на ДПИ, кои најавуваат дека наскоро ќе ја објават и јавно петицијата што ќе ја потпишат.
Како што е познато, откако Пауновски, за Фактор изјави дека нема да го потпише решението за прием на сите 35 рамковнои вработени бидејќи се со несоодветни квалификации за институцијата, премиерот Зоран Заев денеска најави дека ќе побара од вицепремиерпот Љупчо Николовски и владините служби, да достават предлог за негово разрешување.
Отксако јавно се спротивстави на оваа владина одлука, Пауновски доби голема поддршка од јавноста, за, како што се наведуваше во коментарите,. интегритетот што го покажал во одбрана на професионалноста на една од најзначајните државни институции.