сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вработените во затворот не ја прифаќаат оставката на Котевски, изготвиле и потпишуваат петиција

Вработените во затворот не ја прифаќаат оставката на Котевски, изготвиле и потпишуваат петиција

Откако премиерот Зоран Заев побара од директорот на затворот Шутка да си поднесе оставка, таа беше прифатена и директорот на денешната прес-конференција најави дека тој ќе поднесе неотповиклива оставка по завршувањето на истрагата околу пресметките поврзани со екс-министрите.

Но, вработените во затворот не се согласуваат со барањето на Заев и одлуката на Ѓоко Котевски дека ќе поднесе оставка, па денеска изготвиле и потпишуваат петиција за Котевски да остане на функцијата, пренесе ТВ21.

Котевски изјави дека денеска се преземени нови протоколи и повикани се поголем број на затворски чувари на работа, по вчершните инциденти во кои учествуваа поранешните министри, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, кои се во притвор за настаните во Собранието на 27 април 2017.

Тој посочи дека во моментов Јанакиевски и Ристовки се сместени во други притворски простории поточно во „Хашкиот“ дел и шетаат во друго шеталиште, а не во тие каде што се случија немилите настани.

Посочи дека од досегашната истрага на случувањата утврдени се пропусти во постапувањето и непочитување на стандардите безбедносни протоколи во службата за обезбедување во затворот „Скопје”, поради што презема одговорност.

Најнови вести