вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вработување на Медицинска сестра во здравниот дом во Делчево ги бранува „завојуваните“ фракции и групи на локални моќници на СДСМ во Делчево и Македонска Каменица

Вработување на Медицинска сестра во здравниот дом во Делчево ги бранува „завојуваните“ фракции и групи на локални моќници на СДСМ во Делчево и Македонска Каменица

Вработување на Медицинска сестра во здравниот дом во Делчево ги бранува “завојуваните” фракции и групи на локални моќници на СДСМ во Делчево и Македонска Каменица, ова преку статус на Фејсбук го пишува сајтот Брегалнички.

Министерството за здравство со оглас за вработување на Медицинска сестра во Здравниот дом во Делчево ги разбранува локалните функционери и моќници на СДСМ во Делчево и во Македонска Каменица.

Според информации доставени до нашата редакција од страна на укажувач откако претходно од здравниот дом во Делчево останаа без договор за вработување 6 медицински сестри, Министерството за здравство реализира оглас за вработување на Медицинска сестра во оваа подрачна установа на Министерството за здравство. За збрката и хаосот во редовите на СДСМ во Македонска Каменица и Делчево да бидат поголеми ова вработување според реакции на социјалните мрежи е резервирано за претседателката на Советот на општина Македонска Каменица која доаѓа како независен кандидат на претходните локални избори а од која зависи мнозинството во самиот совет за носење одлуки. Овој оглас за вработување добива третман на највисока важност за СДСМ што се гледа на објава на фејсбук (достапна ТУКА) на која може да се прочита прикажана меѓусебна комуникација меѓу Влатко Стојов- Претседател на СДСМ Македонска Каменица и Премиерот Димитар Ковачевски.

Според наши информации добиени од укажувач хаосот и меѓусебните препукавања меѓу локалните функционери на СДСМ во Делчево и Македонска Каменица се огромни и постои огромен револт што на местото на заслужни сдсмовци решение за вработување добива лице што произлегува од независна листа на граѓани инаку блиска до локален функционер и советник во делчевскиот совет.

Едит: За сомнежот во врска со овој оглас да биде кренат до максимум говори фактот што истиот е објавен во ден петок и траел до ден недела минатиот месец мај, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Најнови вести