среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Време е за избори!

Време е за избори!

Додека над 80% од населението во државата е против договорот со соседна Бугарија,власта која во моментов е нелигитимна поради фактот пред се што има премиер кој не е избран од народот, турка измени токму кој се против волјата на мнозинството во државата.

Во ова цело лудило,Македонија има среќа што во државата најголемата партија ВМРО ДПМНЕ е оправдано против тој договор во кој воопшто не беше ниту консултирана од власта. Додека граѓаните беа во грч поради стравот од уставни измени кој цела година наназад го ширеше власта дека пред се има пратеници кои ќе гласаат за тие измени,опозицијата докажа дека е сплотена и силна како никогаш предходно. Сите пратеници од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата јавно со статуси по социјалните мрежи и изјави во медиумите укажаа и докажаа дека нема да се случат уставни измени по тој терк на власта која е делигитимирана од народот. Тука пред се радува фактот што претседателот на партијата Христијан Мицкоски цврсто стои на ставот против тие измени и добива се поголема поддршка од граѓаните поради тој цврст став.

Едно е јасно, падот на власта е неизбежен и многу скоро ќе се случи,а можноста за нивно враќање назад на власт е сведено само на статистичка грешка,во превод веројатно нема да се случи и никогаш.

И во власта им е јасно дека се истрошени и дека тој нивни крај во политичките води е дојден и се по извесен. Дури и оние млади кадри кои одеа на обуки,семинари и академии како иднина на Сдсм се срамат и дистанцираат од сегашните политики на нивното раководство.

Да не заборавиме на Дуи како партнер во власта затоа што токму и кај нив е најголемиот раскол.

Кланови,расколи,поделби…..

Реалноста е дека таа партија не успеа да се надмине себеси низ годините,особено последниот период во кој таа партија е на власт а ги изгуби Тетово,Гостивар,Желино,сега и Чаир кој повеќе не е во нивни раце. Брвеница победи кадар на ВМРО ДПМНЕ што е доказ за искреноста на партијата во своите намери Македонија за сите. Струга поради сите афери им е веќе падната на колена,Кичево за малку ќе го изгубеа. Тоа кажува за огромната разочараност на нивното членство и граѓаните кои живеат во тие населени места.

Факт е дека Дуи е сеуште силен и моќен политички субјект,но прашањето е до кога и како…

Да не заборавиме дека Беса цврсто гази на политичката сцена особено после победата во Желино и Тетово.Но што е побитно е нивната успешна коалиција со фракцијата на Дуи и Алтернатива.

Но да ја видиме и реалноста во Македонија….Штрајкови на секој чекор.

Инфлација,скапи горива и прехрамбени производи,лажни евроинтеграции и криминали кои станаа секојдневие на власта.

Едноставно,народот неможе да ги издржи овие политичари кои ги гледаат сопствените бизниси и на нивните семејства но не и маките на своите граѓани.

Фактот кој радува е искреноста на ВМРО ДПМНЕ во намерите да ја одбрани државата од лошите и предавнички политики на власта. Радува и фактот што ВМРО ДПМНЕ има визија за подобар живот на сите граѓани.

Доказ дека ВМРО ДПМНЕ е искрена партија која што ќе вети тоа и реализира,а доказ за тоа се стотиците проекти кој ги реализираат градоначалниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ кои ги водат многуте општини во Македонија. Токму тоа и го оправдува високиот рејтинг на Христијан Мицкоски кој макотрпно работи на терен за повеќе проекти за сите граѓани.

Впрочем и анкетите ја покажуваат јасно реалноста на политичката сцена во Македонија,затоа што во сите тие анкети ВМРО ДПМНЕ е убедлив победник на идни избори без разлика дали ќе се случат Октомври,Ноември, или Април 2024…

Затоа вие дечки од власта,време е да ги напуштите фотелјите затоа што го изгубивте целото достоинство. Доста е мачење,трпи целата нација и сите граѓани.

ВРЕМЕ Е ЗА ИЗБОРИ!

Пишува:

Мартин СТОЈАНОВСКИ

Најнови вести