петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Време: Умерено облачно до 19 степени

Време: Умерено облачно до 19 степени

Времето во Република Македонија ќе биде умерено до значително облачно, по котлините магливо. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната 12 до 19 степени.

Во Скопје умерено до значително облачно и магливо. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Преку ноќта кон понеделник од запад ќе започнат врнежи кои наутро и претпладне ќе се прошират преку централните делови каде што ќе се со послаб интензитет. Потоа ќе се задржи умерено до значително облачно време, по котлините со појава на магла. До среда ќе има повремени врнежи од дожд, на места пообилни. Утринските температури и понатаму ќе бидат над нулата.

Најнови вести