среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Времен сообраќаен режим денес и утре на „Тодор Александров“

Времен сообраќаен режим денес и утре на „Тодор Александров“

Денес и утре има промена во времетраењето на времениот режим кој ќе биде од 12:00ч. до 16:00часот. Во тој период екипи на ЈП Улици и патишта Скопје ќе ја асфалтираат улицата Тодор Александров и поради изведба на градежните активности ќе биде воведен времен сообраќаен режим на двете коловозни ленти и обележана со соодветна сигнализација, информираат од ЈП Улица и патишта.

Во среда ќе бидат затворени коловозните ленти на потегот од ИЗИИС до Турската Амбасада, а во четврток на потегот од Турската Амбасада до кривината кај МВР.

Апелираме до граѓаните за трпеливост во сообраќајот до завршување на градежните активности со цел побезбедно и непречено движење со новата асфалтирана површина на улицата, додаваат од претпријатието.

Најнови вести