сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Врие во детската болница Козле: Заразени и здрави деца во иста амбуланта, педијатрите бараат итно резрешување на директорот Андоновски

Врие во детската болница Козле: Заразени и здрави деца во иста амбуланта, педијатрите бараат итно резрешување на директорот Андоновски

Заразени и здрави деца во иста амбуланта. Мобинг врз вработените. Врие во детската болница Козле. Триесетина педијатри се дигнаа на нозе – против директорот на болницата д-р Ангелчо Андоновски, пренесе АЛФА.

Тврдат дека освен што се жртви на мобинг, директорот создава  раздор меѓу вработените. Велат, оставени сме сами на себе, немаме основни услови за работа, а најдраматично е што сме принудени да ги прегледуваме децата во црвената зона која е исклучиво наменета за пациенти позитивни на Ковид19,  значи, во истата амбуланта прегледуваме и деца кои не мора да значи дека имаат Ковид.

На сето тоа, униформите за работа многупати ги облекуваме и соблекуваме во сопствените автомобили, бидејќи наидувавме на заклучени ормани. Се соочуваме со промени без никакви најави, камери не снимаат 24/7- во вакви услови не можеме да работиме и многу од нас лекарите и медицинските сестри размислуваме за откази – доколку итно не се разреши директорот Андоновски, вака сведочи за Алфа еден од педијатрите за лошата ситуација во болницата.

Целата вест прочитајте ја на АЛФА

Најнови вести