Обилните дождови кои во текот на вчерашниот ден го зафатија Пијанечко-Малешевскиот регион, утрово повторно создадоа проблеми со одроните на регионалните патишта. На магистралата А3 и патниот правец Делчево – М. Каменица – Кочани, одрони утрово се забележани на излезот на Делчево после селото Очипала како и во близина на селото Обилните дождови кои во текот на вчерашниот ден го зафатија Пијанечко-Малешевскиот регион, утрово повторно создадоа проблеми со одроните на регионалните патишта. На магистралата А3 и патниот правец Делчево – М. Каменица – Кочани, одрони утрово се забележани на излезот на Делчево после селото Очипала како и во близина на селото Илиово, додека одрони има и на одредени делници на регионалниот пат Берово – Струмица.
Надлежните од подружницата на „Македонија Пат“ информираат дека нивни екипи ја скенирале состојбата и работат на нивно расчистување. Оттаму воедно апелираат на почитување на сообраќајната сигнализација и намалување на брзината особено на места со кривини.
– Појавата од одрони е честа на овие делници во услови на врнежи, но и покрај тоа нашите дежурни екипи се на терен и навремено интервенираат во нивно отстранување, информираа од Македонија Пат.
Поради врнежливото време сообраќајот на магистралата А3 во текот на ноќта и утрово на места се одвиваше по влажни коловози. Илиово, додека одрони има и на одредени делници на регионалниот пат Берово – Струмица.
Надлежните од подружницата на „Македонија Пат“ информираат дека нивни екипи ја скенирале состојбата и работат на нивно расчистување. Оттаму воедно апелираат на почитување на сообраќајната сигнализација и намалување на брзината особено на места со кривини.
– Појавата од одрони е честа на овие делници во услови на врнежи, но и покрај тоа нашите дежурни екипи се на терен и навремено интервенираат во нивно отстранување, информираа од Македонија Пат.
Поради врнежливото време сообраќајот на магистралата А3 во текот на ноќта и утрово на места се одвиваше по влажни коловози.