четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Врнежливо и посвежо време и во следните денови

Врнежливо и посвежо време и во следните денови

Времето утре во Република Македонија ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни над 25 л/24часа. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Скопје претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

А во следните денови како што информираат од УХМР ќе биде под влијание на влажен и студен бран следува период на променливо облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни (над 25 л/м2 за 24 часа).

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, особено во среда и четврток.

Најнови вести