четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Врнежи од снег на овој патен правец, на одредени патни правци можна појава на поситни одрони – Се препорачува внимателно возење

Врнежи од снег на овој патен правец, на одредени патни правци можна појава на поситни одрони – Се препорачува внимателно возење

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка каде наместа има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци е можна појава на поситни одрони. ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Претпријатието соопшти дека нивни дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Најнови вести