Незадоволството расте веќе втор ден во кругот на Штипската фабрика за чевли „Баргала“. Вработените бараат раководството во компанијата да направи корекции на платите за март, април и мај како и исплата на задоцнетата плата за месец јули.
Вработените денеска повторно протестираа пред вратите и во дворот на фабриката и врелат дека доколку им се исполнат барањата веднаш ќе почнат со производство затоа што не сакаат истата да се затвори
-Ние не сме престанати со работа, работевме и за време на пандемијата, нон стоп работевме иако имавме и позитивни, не престанавме со работа. Немаме кој знае какви барања, нека се израмнат платите, за да почнеме да работиме како што работат и другите, вели Валентина Мркиќ, вработена во Баргала.
Вработените исто така велат дека иако други фирми претрпеа пандемија, и сите фирми земале плати и К15, тие не земале ниту плата, камо ли К15.
-Ни минимална плата 10.500 денари, за тие три месеца од пандемијата, ние се сложивме и во преговорите со синдикатото, со тоа зошто толку години сме во оваа фирма, не сакаме да се затвори ниту пак работа одбиваме, само сакаме да имаме плата, здравствено осигурување и да си тече работата нормално, вели Силвана Мишева, вработена во „Баргала“.
Поддршка за барањата на вработените изразуваат и од Здружението „Гласен текстилец“, како и од Синдикатот којшто ги води преговорите на состаноците со раководството на фабриката.
Кристина Ампева од Здружението „Гласен текстилец“ во изјава за медиумите, вели дека има вработени со кредити, со неплатени сметки, и згора на се вработените се мачат и со протести и да трпат мобинг од газдите и работодавачите не е хумано.
Ампева посочи дека ќе им понуди правна помош, со тоа што преку Трудовиот испекторат ќе побара интервенција за да се дадат плати, па подоцна ќе поразговараат со првиот синдикалец на ССМ за решавање на состојбата.