За 121 сантиметар утринава е повисок водостојот на реката Пчиња кај Катланово, а за 60 сантиметри на Вардар кај Демир Капија, покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.
За 20 сантиметри е повисоко нивото на реката Струмица кај Ново Село, за 16 сантиметри на Црна Река кај Новаци и за 12 сантиметри повисок е водостојот на Брегалница кај Штип.
Кај езерата, водостојот на Преспанското Езеро е шест сантиметри под апсолутниот минимум. (МИА)