среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

За Богоевски иселениците се неспособни

За Богоевски иселениците се неспособни

Пратеникот Павле Богоевски при заседувањето на денешната Седница за уставни промени во Собранието на Република Македонија во една прилика рече дека планирал да се отсели од Македонија, но се предомислил.

-Си реков не ја бива државата, ќе се обидам и јас. Барав опции да се иселам. Најдов физичка работа за плата неколку пати поголема од платата што тука би ја добива од најголемите мои амбиции. Со тешко срце одлучив да не си отидам, така ќе требаше да си признаам на себе дека сум неспособен да изградам живот за мене во оваа држава – рече Богоевски.

Говорејќи на седницата пратеникот на СДСМ ги навреди сите луѓе што се отселиле од Република Македонија дека се неспособни.

Најнови вести