Сања Лукаревска, директорката на УЈП, за разлика од другите граѓани на Република Македонија е над законот, за неа како претставник на власта, не важат законите.
Додека „пајакот“ ги крева автмобилите на граѓаните, функционерите од СДСМ се привилегирани и дозволено им е да паркираат непрописно. Како што пишуваат граѓаните на социјалните мрежи, Лукаревска секој ден пред зградата на НБРМ паркира непрописно, а кога пајак службата се обиде да и го крене возилото, еден телефонски повик очигледно беше доволен возилото да не биде кренато.
Сања Лукаревска секој ден непрописно паркира на велосипедската патека пред Народна Банка попречувајќи ги граѓаните кои возат велосипед слободно и безбедно да стигнат на своето работно место. Лукаревска „мува не ја лази“ затоа што го загрозува сообраќајот и животот на велосипедистите, а уште помалку затоа што го прекршува законот.
После многу пријави на граѓаните, пајак службата се појавила пред Народна Банка во обид да го крене возилото на директорката на УЈП, но само по една минута некој им се јавува автомобилот да го остават таму каде се наоѓа.
Дали Лукаревска покрај тоа што ја користи својата функција за да ги крши законите, истата ја злоупотребува за да се заканува на вработените во Градски паркинг да не и го чепкаат непрописно паркираниот автомобил?
Јавноста е гневна на ваквиот однос на функционерите на СДСМ. Додека возилата на граѓаните им ги земаат и за да си ги добијат треба да платат казна, на функционерите на СДСМ непрописно паркираните возила никој не смее да ги чепне.
Граѓаните коментираат дека тие плаќаат за директорите на СДСМ да ги кршат законите.
Голем скандал, денес имаше и од друг функционер на владејачката коалиција. Беќир Асани од ДУИ нападнал полицајка за време на сообраќајна контрола кај трговскиот центар Мавровка. При подигање на неговото возило со пајак, истиот вербално нападнал полициска службеничка која била на местото на настанот.