За немањето топла вода и неисправните лифтови во студентските домови „Стив Наумов“ и „Гоце Делчев“, за Државнот студентски центар „Скопје“ виновна е претходната власт.
По вчерашниот текст Во „Стив Наумов“ нема топла вода, во „Гоце Делчев“ неисправни лифтови, МОН и ДСЦ молчат, Курир доби одговор на прашањата поставени до ДСЦ.
Оттаму велат дека немањето топла вода во изминатите неколку месеци, и несервисирањето на лифтовите е производ на долгогодишно занемарување на просториите и воопшто на потребите на студентите.
-Состојбата во студентските домови наследена од претходната власт е катастрофална. Таа е производ на долгогодишно занемарување на просториите и воопшто на потребите на студентите. По доаѓањето она функција на новиот директор, Дарио Николовски, започната е темелна анализ за тоа кои се клучните проблеми и каде најитно трба да се интервенира. Основна цел е да се идентификуваат реалните потреби на студентите и нивните приоритети и да се започне со решавање на проблемите, велат од ДСЦ за Курир.
Оттаму посочуваат дека во наредниот период ќе се инвестираат 660 милиони денари во реконструкции и подобравуање на условите.
За случаите со бубачки и отпушоци во храната во студентските домови, од ДСЦ велат дека тие не се евидентирани, но додаваат дека сегашните стандарди за хигиена во студентските домови се незадоволително.
-Новото раководство предвидува реконструкции на објектите и на начинот на функционирање на домовите, токму во насока да се обезбедат соодветни услови во кујните, како и подобра хигиена во сите простории. Исто така, ќе има и промени во храната која ја нудат студентските домови како и нивото на контрола на квалитетот кој во моментов воопшто не се прави, велат од ДСЦ.
Во однос на обвинувањата по социјалните мрежи дека непознати лица се обиделе да обијат соби каде што спијат студенти во раните утрински часов, Државниот студентски центар „Скопје“ ги смета за неточни, бидејќи, како што велат, овој случај официјално не е евидентиран, ниту пријавен во полиција. Сепак, во коментарите на Фејсбук може да се забележи дека студентите ја контактирале управничката, која пак им рекла дека нема што да направи за оваа ситуација.
– Ги повикуваме студентите за секој случај да пријавуваат кај надлежните и веднаш да го известат раководството на домовите како ќе реалгираат соодветно. Симптоматично е тоа што и за двата случаи кои се објавија на социјланите мрежи немаше официјална пријава ниту жалба. Сепак, состојбата знаеме дека е лоша и работиме на подобрување на стандардот за да се превенираат било какви немили настани кои во изминатите години беа секојдневие, велат од ДСЦ.