петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

За еден сантиметар намален водостојот на Охридско Езеро, зголемен на Дојранското

За еден сантиметар намален водостојот на Охридско Езеро, зголемен на Дојранското

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Дојранското Езеро, а за исто толку е намален на Охридското, додека нивото на Преспанското Езеро е исто како вчера.

Според резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Дојранското Езеро е за 2,84 метри повисок од просекот за март. Нивоата, пак, на Охридското и на Преспанското Езеро се пониски од просечните и тоа за седум сантиметри кај Охридското, односно за 1,68 метри кај Преспанското Езеро. Со тоа водостојот на Преспанското Езеро е на пет сантиметри над апсолутниот минимум од 842,25 (мнм).

Пониски од просечните се и нивоата на реките во земјава со исклучок на реката Струмица, на мерното место кај Сушево, каде водостојот е за еден сантиметар повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Најнови вести