среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

За една година во ЕЛЕМ имало 117 вработувања

За една година во ЕЛЕМ имало 117 вработувања

Пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска вчера, веројатно, доживеа уште изненадување откако дозна дека нејзиниот брат, Целе Велевски, добил вработување во државниот РЕК Битола, анализира „Независен“.

Својот прв работен ден го имал во понеделникот, заедно со синот на Стојчевска, Виктор кој доби вработување во ЕЛЕМ. Пратеничката, која се прослави по изјавата за дизел горивата, рече дека немала поим оти нејзиниот син се пријавил на конкурсот во ЕЛЕМ, па сега нејасно е дали и за вработувањето на братот дознала од медиумите.

Во ЕЛЕМ во периодот од август до декември 2017 година, реализирани се две вработувања на неопределено време. Во текот на 2018 година, пак, реализирани се вкупно 117 вработувања на неопределено време, од кои 10 во ХЕС Црн Дрим, 67 вработени во РЕК Битола и 40 вработени во Дирекција на АД ЕЛЕМ.

Во исто време, по разни основи, компанијата ја напуштиле 178 лица.

„Заклучно со вчера, вработени се 72 лица на неопределено време. Преку Агенција за привремени вработувања во текот на 2018 година беа ангажирани 321 лице. Не ни е познато кои од вработените се лица блиски до функционери на актуелната и поранешната власт. Просечната плата во јануари годинава изнесувала 35.548 денари, најниската 16.988, а највисоката 56.356 денари“, нагласуваат во ЕЛЕМ.

ПОВЕЌЕ ПРОЧИТАЈТЕ НА НЕЗАВИСЕН

Најнови вести