За експресно да биде донесен Законот за државјанство усогласен помеѓу власт и коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, веќе денеска Владата може да го достави до Собранието со европско знаменце, потврдуваат за Плусинфо од Владата.
И покрај договорот меѓу Владата и опозициските партии на Албанците, законот за државјанство остана блокиран во Собранието.
-Правиме напори денеска на владина седница да помине усогласениот текст на Законот за државјанство. Законот ќе биде со европско знаменце, бидејќи државјанствата на ниво на Европа се уредени со Европски регулативи. Што и да се менува во таквите закони е со европско знаменце, вели за Плусинфо функционер од Владата.
По бурните реакции прво, дали се потребни измени на Законот и второ, преговорите и договорот меѓу власта и АА-А за измени на Законот, тој сега е закочен во Собранието во фаза на комисиска расправа.
Дека Законот по брза постапка, односно со европско знаменце е можно да биде испратен во Собранието за да се надминат блокадите претходно најави пратеникот на Алијанса за Албанците, Халил Снопче. Тој ова го најави како варијанта Б, доколку се блокира расправата во Собранието.
-Се разбира, ако гледаме навистина, значи има блокади, сигурно ќе одиме на втората варијанта преку европско знаменце. Зошто? Затоа што прво, имаме согласност од страна на Владата и второ, навистина се работи за човекови права и трето, сигурно според сите европски и меѓународни конвенции нема логика да има луѓе без државјанство во ниту една држава, а ние имаме луѓе што се без државјанство, вели Снопче.
Целата вест прочитајте ја на Плусинфо.