петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

За Илинден Борисов доаѓа во Скопје, но нема да оди на прославата во Крушево

За Илинден Борисов доаѓа во Скопје, но нема да оди на прославата во Крушево

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов в четврток, доаѓа во Македонија и заедно со македонскиот премиер Зоран Заев, ќе се поклонат на гробот на Гоце Делчев и ќе го прослават празникот Илинден.

Бугарските медиуми пишуваат дека Борисов ќе присуствува на церемонијата во црквата Свети Спас, но нема да присуствува на Мечкин Камен.

Борисов по вторпат присуствува на заедничка прослава на Илинден.

Предвидено е Борисов во Скопје да се сретне и со претседателот на државата Стево Пендаровски.

Борисов посетата ќе ја продолжи во Дојран каде што се наоѓа обновениот споменик на бугарскиот полковник Константин Каварналиев, кој загинал во Дојран во 1913 година во борбите против грчката војска.

Најнови вести