Историчарот Скендер Асани во изјава за ТВ21 смета дека поставувањето на ознаките на спомениците во Скопје, како дел од обврските од Преспанскиот договор, ќе ги подобри односите со соседната земја, но ќе ги наруши во земјата затоа што се изобличуваат историските факти.
„Античка Македонија била во тракиско-илириски состав. Ова го сведочат многу историчари. Убеден сум дека многу брзо политикатаа на актуелната Влада ќе биде демантирана. Со поставувањето на овие ознаки се сквернави историјата. Апелирам до Владата овие ознаки да се отстранат. Ова е историска измислица. Бегајќи од еден проблем се отвора друг проблем во државата“, изјави Адеми, директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците.
„Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како воин на коњ“, стои од денеска на ознаката на споменикот „Воин на коњ“ на централниот плоштад во Скопје.