петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

За „ОБСЕ-имиџот“ на Бујар Османи и МНР потрошени 117.00 евра, огромната сума ќе ја платат граѓаните

За „ОБСЕ-имиџот“ на Бујар Османи и МНР потрошени 117.00 евра, огромната сума ќе ја платат граѓаните

Министерството за надворешни работи предводено од Бујар Османи за една година ќе потроши околу 7.200.000 денари или околу 117.000 евра само за рекламирање за време на претседавањето со ОБСЕ.

Алсат го обезбеди договорот што го потпишало Министерството за надворешни работи со една од консултантските агенции.

-За овие 117 илјади евра агенцијата ќе обезбеди голем број услуги за Министерството за надворешни работи и тоа:

-За да го ангажира својот надворешен соработник ќе треба да добие над 1,1 милион и 147 илјади денари,
-За агенцијата да ги осмисли логоата со ОБСЕ и формирањето на визуелниот идентитет и други слични услуги, МНР ќе плати над 929 илјади денари.

-Да се осмисли подготовката и реализацијата на комуникациската стратегија на Министерството и министерот Бујар Османи, на агенцијата ќе ѝ бидат исплатени повеќе од 619 илјади денари или повеќе од 10 илјади евра.

Дел од договорот се и преводи на албански и англиски јазик на различни материјали.

Алсат ја обезбеди и првата реализирана фактура кон агенцијата која ги планира и спроведува пропагандните активности на Министерството за надворешни работи. Фактурата се чини дека е со датум 6 февруари годинава и чини повеќе од 1 милион 953 илјади денари или повеќе од 31.700 евра.

Алсат неколку дена по ред бара одговор од МНР зошто е потребно да се трошат толку пари и зошто треба на приватна агенција да ѝ се плаќа за рекламирање, кога се знае дека за најголем дел од услугите на министерствата и Владата имаат свои вработени за овие цели?

Од МНР не одговорија на прашањата.

Оваа сума на пари ќе падне на грбот на грааните бидејќи ќе се исплати од буџетот кој тие го полнат.

Најнови вести