Пратеникот од редовите на СДСМ, Павле Богоевски, во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ истакна дека владата нема време да се „занимава“ со недоаѓањето на работа на Хазби Лика кој е заменик претседател на владата на Република Македонија задолжен за спроведување на Рамковниот договор.
-Државата има многу поголеми проблеми од тоа дали Хазби Лика отсуствува од работа, вели Богоевски.
Во јавноста е познато дека заменик претседателот, Хазби Лика, редовно зема плата, но не доаѓа на работа, а причините за ваквото однесување се непознати на граѓаните.
Според Богоевски, владата не може да постигне да се занимава со тоа бидејќи има други поважни обврски.
Со ваквите изјави логично е да се постави прашањето кои се точно тие обврски, ако се земе во предвид дека актуелната влада на СДСМ и Зоран Заев немаат реализирано ниту половина од нивната изборна програма, а наместо тоа го променија уставното име на Република Македонија, нешто што не ветија за време на изборната кампања на предвремените парламентарни избори во 2016 година.
На јавноста и е познато дека додека вицепремиерот Лика кога одел на работа редовно ги посетувал и кафеаните каде што потрошил 253.163 денари или околу 4 илјади евра. Тука влегуваат 130.713 денари за угостителски услуги во рамките на институциите, а 104.450 денари се ресторани надвор од институциите. Во странство потрошил само 5.227 денари.
Овие податоци се од заклучно мај месец минатата година. Заклучно со мај и вицепремиерот Лика престанал да се појавува на седниците на Владата. Нема податоци дали вицепремиерот, покрај платата што ја зема, иако не се појавува на седници, уште користи и одобрени средства од буџетот за репрезентација и патувања.
Но, ова не е единствен пример каде што владата на СДСМ ги крши законите во Република Македонија. Деновиве се поактуелни се и вработувањата на ќерките, синовите, блиските роднини на пратениците од СДСМ, како и на високи функционери во владата на СДСМ и Заев.
Дел од медиумите пишуваа дека Лика не оди на работа затоа што му е лут на Али Ахмети.