среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

За престој во хотел не е потребна потврда за имунизација

За престој во хотел не е потребна потврда за имунизација

Од понеделник почнуваат да важат новите мерки на заштита со кои граѓаноте мораат да поседуваат сертификат за извршена имунизација барем со една доза за да можат слобпдно да влезат во било каков објект каде има повеќе од 30 лица, но сепак и угостителите и граѓаните се збунети за тоа како истите ќе се имплементираат.

Како што вели претседателот на асоцијацијата на хотелиери, исклучок од ова се хотелите кои остануваат да работат со полн капацитет и по 16 август, само со служење пансион, во затворен простор, без потврда за имунизација.

– Беше прифатено нашето барање, направени се измени и потврда за им*низација нема да треба за служење пансион и за над 30 гости од хотелот, вели претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ Крсте Блажески

Редари мора да имаат во објектите, но нема да примаат надворешни гости во затворените ресторани и сали.

Тој објаснува дека 16 август од кога ќе важат новите мерки е на две недели од крајот на сезоната и тие влијаат психички кај гостите – некои ги откажуваат аранжманите, други пак што планирале да користат летен одмор во некое туристичко место во земјава сега се во недоумица.

Најнови вести