Продолжуваат бесрамните лаги на СДС. Не прекинува работата на фабриката за лаги на СДС и интензивните прес конференции, гостувања во ТВ емисии со однапред договорени прашања и постојаното известување на сите можни вести за работата на енергетските капацитети, ова денеска преку статус на Фејсбук го пишуваат од Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ.
-Сепак ВМРО ДПМНЕ е тука за да им ги разјасниме на граѓаните лагите и манипулациите со кои секојдневно се обидуваат да не замајуваат.
Колку е сериозна работата говори фактот дека во неделните вести на МТВ 1 на 15 јануари СДСМ тврдеше дека сите капацитети се на мрежа, а во моментот на емитување на вестите РЕК Осломеј беше веќе 24 ч испаднат од мрежа.
Ете до толку се бесрамни и во време на интернет и информации достапни за секого, лажат на национална телевизија.
Згора на ова во истиот ден ХЕЦ Тиквеш произведе само неколку мегавати во режим на работа со висок ризик. Имено акумулацијата на оваа електрана се наоѓа на рекордно ниско ниво од 7% од капацитетот и на само 3 метри од минималната кота. Оваа хидроелектрана не треба воопшто да биде вклучена поради ниската кота на која се наоѓа и опасноста од повлекување на воздух во цевководите.
Доколку се продолжи со форсирање на производството на ХЕЦ Тиквеш постои опасност да се направи хаварија која ќе ги надмине размерите на уништувањето на трансформаторот на блок 3 во РЕК Битола.
Неколку дена на сите вести постојано се тврди дека на мрежа се сите капацитети, а никој не ги споменува десетиците милиони евра за увоз на јаглен и мазут и никој не споменува дека резервите на вода во акумулациите на хидро капацитетите се под 20 %.
Истотака не е точно дека се снабдени комплетно сите регулирани потрошувачи, бидејќи на 15.01.2023 се повлечени од мрежа повеќе од 500 MWh, што од прилика е просечно повеќе од непрекината работа на еден агрегат на ХЕЦ Шпиље или ХЕЦ Тиквеш.
Последната фабрикувана мантра на СДС е дека првпат во последните 70 години сите енергетски капацитети се на мрежа.
Но да видиме што се крие зад оваа изјава:
Вистина е дека во последниве неколку години се срушија неколку рекорди.
За првпат во последните 70 години се увезува јаглен за рекордни милионски суми.
За првпат во последните 70 години увозот и потрошувачката на мазут се на рекордно ниво.
За првпат во последните 70 години котите на акумулациите се најниски на историско ниво.
За првпат во последните 70 години криминалот и корупцијата во енергетските компании е на највисоко ниво.
За првпат во последните 70 години најнеспособните и и најнеобразовани луѓе се на највисоки раководни позиции во енергетските компании.
За првпат во последните 70 години се извршија набавки на електрична енергија по рекордни цени.
За првпат во последните 70 години некој се фали со производни капацитети, а не изградил ниту еден производствен капацитет .
Вистина е дека вкупното дневно производство на сите производни капацитети, со сиот увезен јаглен и зголемената употреба на мазут, плус производството на ТЕЦ Неготино заедно, сепак е сеуште помало од рекордното дневно производство на АД ЕЛЕМ (сега ЕСМ) во времето на управувањето на компанијата од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Христијан Мицкоски, стои во нивниот пост на Фејсбук.