среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЗА САМО 19 ЕВРА ДО ЧЕТИРИ НОВИ ЕВРОПСКИ ГРАДА – Визер воведува нови авиолинии, резервирајте си карти навреме!

ЗА САМО 19 ЕВРА ДО ЧЕТИРИ НОВИ ЕВРОПСКИ ГРАДА – Визер воведува нови авиолинии, резервирајте си карти навреме!

Авиокомпанијата „Визер“ најави четири нови рути од Македонија до Италија, Германија и Данска, меѓу кои од Скопје до Болоња и Торино – Италија, од Скопје до Билунд – Данска и од Охрид до Фридрихсхафен – Германија.

Првите летови до новите дестинации ќе бидат во декември 2021. Картите се веќе во продажба на wizzair.com или на мобилната апликација со цени од 1229 МКД / 19.99 EUR.

„Среќни сме да го најавивме проширувањето на нашата мрежа од Северна Македонија до нови дестинации во Италија, Германија и Данска. Со новите услуги од Скопје до Болоња, Торино и Билунд, и од Охрид до Фридрихсхафен, Визер сега нуди уште поголем избор на дестинации за Мкедонците. Секој може да ужива во ултра ниските цени и да патува безбедно до својата нова омилена дестинација и да открие нови места со нашите модерени авиони. Со нетрпение очекуваме да ги пречекаме првите патниците до новите возбудливи дестинации“, изјави Паулина Госк – менаџер за корпоративни комуникации во „Визер“.

Новите рути до Болоња, Торино, Фридрихсхафен и Билунд ќе почнат со работа благодарение на распределбата на 5 -тиот авион на „Визер“ базата во Скопје.

Авиокомпанијата ги советува патниците да ги проверат рестрикциите пред да го почнат своето патување. Со својата подобрена Мапа за планирање на патување, патниците можат да ги проверат рестрикциите за патување низ мрежата на WIZZ. Веб-страницата со кодови во боја прикажува сеопфатна карта на можни дестинации, со соодветни линкови до владини веб-страници, страници за патувања и сите формулари што треба да се пополнат пред поаѓање.

За максимална флексибилност, кога станува збор за резервации, „Визер“ им препорачува на патниците да ја користат услугата WIZZ Flex. Со оваа услуга патниците имаат дополнителна заштита. Користејќи ја оваа услуга патниците можат да изберат да патуваат на различен датум или на друга дестинација, како и да имаат можност да го откажат летот до 3 часа пред лет без никаков надомест и да добијат 100 проценти поврат на средствата како Wizz кредити.

Најнови вести