Собранието попладнево со мнозинство гласови ја усвои потребата од донесување на измените на Кривичниот законик по скратена постапка, чии предлагачи се неколкумина пратеници од владиното мнозинство.
Челниците на СДСМ додека беа во опозиција, во трката да дојдат до глас плус на изборите, ветуваа промени кои знаеа дека нема да ги донесат. Така е и за оваа тема.
Имено, заменичката за Заев во структурата на партијата, а денес министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска, пред изборите беше против гласање по скратена постапка, но денес тоа што се случува изгледа воопшто не и пречи.
– Имаме план во којшто јасно стои дека скратените процедури за носење на закони во Собранието се лоши процедури. Затоа ќе ја ограничиме употребата на оваа скратена постапка, и ќе ја направиме исклучок наместо правило. Собранието, т.е. неговиот претседател, ќе мора еднаш годишно да реферира пред законодавно-правната комисија, за тоа колку често се користеле скратените постапки, и од кои причини. Сметаме дека само со вакви мерки ќе можеме да ја вратиме, силата, значењето и довербата во Собранието на Република Македонија. Само на таков начин ќе имаме силно Собрание кое ќе биде во состојба да ја контролира извршната власт, изјави таа во октомври 2016-та година.
СДСМ, очигледно, не е против одлуки донесени на ваков начин. Шеќеринска и нејзините сопартијци денес на големо го имаат заземено Собранието да носи одлуки во нивна полза, па веќе немаат ништо против Законодавниот дом да биде, како што велеа самите, гласачка машина за власта.
-Основната цел на предложениот закон е зајакнување на ефикасноста и независноста на Државната комисија за спречување на корупција и создавање на Национален систем за спречување на корупцијата преку имплементација на препораките за антикорупциската правна и институционална рамка. Целта на носењето на овој закон е постигнување на поефикасна превенција и борба против корупцијата и превенирање на ситуациите на судир на интереси. Ако се оди во редовна процедура ќе нема време да се изврши избор на Државна комисија за спречување на корупција. Согласно член 170 од Деловникот на Собранието, се предлага предлогот на закон да се донесе по скратена постапка, објаснија денес од СДСМ во Собрание.
За СДСМ лоша процедура е добра процедура
Во програмата со која СДСМ бараше гласови на изборите беше наведено дека „Скратена процедура е лоша процедура“, но денес за нив скратената процедура е добра процедура.
Како лошото одеднаш стана добро за нив, треба да објаснат пред јавноста.